| четврток, 6 декември 2018 |

Сончево со услови за краткотраен дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево. Попладне ќе има делумно зголемување на облачноста, особено во источните региони и ќе има услови за локален краткотраен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 24 до 29 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево, а попладне умерено облачно, а ќе има и услови за локален краткотраен дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се
искачи до 27 степени.

Утре и во понеделник и натаму во попладневните часови ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретка појава на грмежи.
Во вторник ќе настапи значително заладување со засилен северен ветер, а во претпладневните часови ќе има и врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни.

Максималната температура во вторник на повеќето места ќе биде за околу 10 степени пониска во однос на претходните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top