| четврток, 6 декември 2018 |

Зошто е важно да се менуваат дезодорансите?

Дерматолозите препорачуваат дека на секои шест месеци треба да се менува дезодорансот, со цел телото да се навикне и да престане да реагира на него.

Најдобро средство против непријатниот мирис под пазувите е дезодоранс во стик. Потењето е природен начин на кој телото се разладува и ги исфрла штетните материи, но често го следат непријатни мириси. Потењето е различно поради стресот, жештината или вежбањето, а секој вид на потење има карактеристичен хемиски состав.

Жолтите дамки на облеката се појавуваат поради реакциите на алуминиумот со потта, облеката или прашокот за перење. Затоа внимателно треба да се прочита декларацијата и да се види дали оваа состојка се наоѓа во вашиот дезодоранс. Дерматолозите предупредуваат и дека не треба да се претерува со користење на антибактериски сапуни и гелови за туширање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top