| четврток, 6 декември 2018 |

Пет начини како да се потите помалку дури и на овие пеколни горештини

1.Јадете незачинета храна и пијте помалку кафе

Големата шолја кафе и многуте зачини се едни од главните фактори кои ги активираат неуротрансмитерите наречени ацетихолини. Се што ги стимулира овие трансмитери влијае врз жлездите кои го предизвикуваат потењето.

2. Задолжително употребувајте антиперспиранти

Овие содржат алуминиумски соли кои кога ќе се нанесат на кожата создаваат чепови кои го блокираат потењето. Медицинските атиперспиранти се најдобри во ваков случај, па можете да побарате од дерматолог да ви препорача некој со кој најдобро би го спречиле потењето.

3. Нанесувајте дезодоранс пред спиење

Производството на паот навечер е на најниско ниво, па активните состојки на антиперспирантите имаат најголеми шанси да навлезат во порите ида го спречат потењето наутро. Антиперспирантот можете да го ставите и наутро, но не се гриѓете дали тој се измил за време на туширањето зошто неговите состојки веќе се длабоко навлезени во порите.

4. Не дозволувајте дехидрација

Прекумерното потење може да доведе до дехидрација и топлотен удар. Овошјето и зеленчукот е добар извор за хидратација. Јадете многу манго и диња кои содржат голема количина накалиум.

5. Избегнувајте да се туширате со студена вода

Студената вода го поттикнува потењето. Затоа, туширајте се со млака вода и користете благо кисели сапуни. Тие ја чуваат заштитната кисела обвивка на кожата и го спречуваат размножувањето на бактериите на нејзината површина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top