| четврток, 6 декември 2018 |

„Алфа“: Парите од големиот грабеж на скопската банка трошени на луксуз

Надлежните во банката во Скопје каде се случи големиот грабеж, тежок над 200.000 евра, за кој осомничени се главниот трезорист, и двајца негови колеги воопшто не забележале дека некој краде пари од трезорот. Пријавата дека некој ги празни банкоматите на банката, во МВР стигнала од централа  во Словенија каде се одржува дата базата за филијалите во Македонија, пренесува телевизија „Алфа“.
Истрагата која ја води јавното обвинителство и МВР, неофицијално  оди во насока дека од трезорот најверојатно биле украдени повеќе пари, а смислената стратегија за кражба не почнала во јуни. Полицијата од јавното обвинителство побарала да се блокираат сметките на осомничените бидејќи постоеле индиции дека парите кои ги пронашле и се предмет на истрага, неофицијално некој од осомничените,  ги трошел за лускузни викенд патувања во монденски летувалиша.
Од досегашните официјални информации на истражните органи, осомничените парите ги краделе преку фиктивно полнење на банкомати и прикажување на неточен износ. При отварање и полнење на банкоматот изготвувале и потпишувале лажен Записник врз основа на доставениот слип од банкоматот, пред чие принтање мануелно било внесувано дека во банкоматот наводно се внесуваат пари во одреден износ.
Главниот трезорист исходот од истрагата ќе го чека во притвор во истражниот затвор, неговите двајца колеги се во куќен притвор.
Охридска Банка која е сопственост на Сосиете женерал, преку соопштене ја извести јавноста дека нема никакви последици по банкарските сметки на штедачите и платежните картички на клиентите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top