Петнаесет годишното девојче по потекло од Скопје, кое успеа да побегне во Сирија е жртва на тинејџерска љубов, истражува „Сител“.
Наместо на одмор кај баба и дедо нејзиниот дечко кој го запознала во Лиеж усепал да ја наговори да му се придружи на муслиманското братство. Два месеци во исчекување и неизвесност живее нејзиното семејство. Секоја нова информација дополнителни ги подгрева сомневањата.
Девојчето според информациите кои досега ги утврдила истрагата, изминатите две години била убедувана да го направи потегот. Во Лиеж токму толку време се забавувала со момче од Алжир, кој според трагата на истражните органи е виновникот за промена на верата и нејзиното заминување. Семејството не се посомневало дека нивната ќерка ќе биде една од жртвите на радикалниот ислам, знаејки дека во Лиеж живеат во мултикултурно општество, каде секој со секого е пријател.
Дека била во врска со Алжирец открила нејзината сестра, која веројатно знаела за нејзината намера да ја промени верата. Таа била и единствената на која 15 годишното девојче и оставило порака. Неофицијланите информации потврдуваат дека девојчето во изминатиоте два месеци само еднаш го контактирлао семејството преку порака во која барало од нив барало пари.
Трагата на 15 годишната ќерка, родителите веќе неколку денови се обидуваат да ја откријат заедно со инспекторите во МВР. Таму се секој ден обидувајки се да се сетата на се што може да биде корисно за утрвудување на локацијата. Тие не ја губат надежта дека девојчето ќе се врати дома.
Случајот од рацете на полицијата во Лиеж веќе е предаден на главниот федерален обвинител потврдија истражните органи од Белгија за Сител. Последните контакти од нејзиниот компјутер, телефонските разговори и сведочењатѕа на нејзините пријатели само ги потврдуваат информациите за случајот, но не ја откриваат последната дестинација. Сигурно е дека преку аердормот во Скопје, заминала во Истанбул, а од таму преку Анкара стигнала до границата со Сирија каде и се губи секакава трага. Меѓунардоната истрага за случајот ќе продолжи додека 15 годишното девојче не биде пронајдено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


