| четврток, 6 декември 2018 |

Меган Фокс: Се топам кога ги гледам синовите зедно

meganfox-imagen

Атрактивната актерка Меган Фокс, која пред пет месеци го роди своето второ дете, открива дека понекогаш тешко се снаоѓа во грижата за петмесечниот Боди и за неговиот постар брат Ноа, кој има скоро две години.
– Прилично е хаотично бидејќи двајцата имаат различни потреби. Kако мајка, чувствувам вина што не можам стопроцентно да му се посветам на едниот или на другиот син – вели Фокс,. Таа е во брак со актерот Брајан Остин-Грин.
Сепак, истакнува дека ужива во семејната атмосфера.
– Понекогаш Ноа се обидува да го смири Боди кога плаче, а мене од таа глетка ми се топи срцето – вели актерката.

Таа изјави дека му го ограничува времето на постариот син минато пред телевизор или компјутер, а тоа го планира и за помладиот син. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top