Челниците на АБА кошаркарската лига на последниот состанок одржан во Задар ја потврдија измената во форматот на натпреварувањето за оваа натпреварувачка сезона.
Наместо досегашниот фајнал-фор турнир, од оваа годна ќе се воведе плејоф за четирите најдобропласирани тима по лигашкиот дел.
Во полуфиналето ќе се состанат првопласираната екипа на табелата по 22 одиграни кола против четвртопласираната. Второто полуфинале ќе го сочинуваат вториот и третиот тим. Ќе се игра во три добиени натпревари (2-2-1), а предност на домашен терен ќе има подобропласираната екипа.
Финалната серија ќе се игра по ист формат односно кој прв дојде до три победи ќе биде овогодишен шампион.
Сезоната започнува на 3 октомври.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


