
ИФФК „Браќа Mанаки“ и Вип денес се домаќини на режисерот Милчо Манчевски и на екипата на македонскиот филм Деца на сонцето, предводена од режисерот Антонио Митриќевски. Пред вечерашнава премиера на затворањето на 35. издание на фестивалот „Браќа Манаки“ тие одговараа на прашања од публиката.
-За разлика од моите претходни остварувања, во овој филм се занимавам со пореална социјална тема, борба за опстанок на едно обично, македонско семејство. По „Како во лош сон“ почуствував потреба да направам повесел филм за едно семејство и сите проблеми што ги доживува во одреден период. Сакав да се задржам на мојот поетско-визуелен израз, затоа со сценографот решивме да снимаме во Преспа, што не е доволно искористена локација. Филмскиот јазик е неореализмот, зашто го чувствувам како најблизок. Филмот не е херметичен како претходните, туку е повеќе за публика. Мислам дека во македонската кинематографија треба да се врати истражувачкиот филм и тоа за современи социјални теми. Режијата не е ништо друго освен барање на вистината – рече Митриќески.

Продуцентот Дејан Милошевски пак рече дека филмот веќе беше презентиран на маркетот во Кан, во октомври ќе се прикажува во Скопје, а поканет е на уште четири фестивали. Сите хонорари и други задолжувања се исплатени уште пред шест месеци, одговори тој на новинарско прашање.
Актерите Милица Стојанова, Билјана Таневска, младите Ивана Павлаковиќ и Кире Ѓоревски изразија големо задоволство од работата на филмот „Деца на сонцето“.
-Непријатна вистина е дека неверојатна плејада на македонски актери, на времето, остареја и изумреја и не добија никаква шанса да заиграт во македонските филмови зашто ќе зема актери од другите републики. Задоволна сум што сега режисерите се свртеа кон нашите кадри и уметнички и технички – рече Стојанова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура


