Македонија не доби шанса да биде еден од многуте организатори на Европското фудбалско првенство во 2020 година и на арената „Филип Втори“ во Скопје нема да се игра континенталниот шампионат. Тоа беше однапред познато поради многуте недостатоци на стадионот во нашиот главен град што ги наведе УЕФА. Колку и да ни е тешко, одлуката е праведна, но УЕФА и овојпат покажа дека има различни аршини за богатите и посиромашните европски земји.
Од 13 града што ќе бидат домаќини дури девет гравитираат на Западот од континентот, а домаќин ќе биде Лондон. И британската приказна само го потврдува фактот дека УЕФА лесно „флертува“ со побогатите на сметка на државите од источна Европа. Покрај Лондон, на островот натпревари од ЕП 2020 ќе се играат и во Даблин и во Глазгов.
Можност да следат мечеви на шампионатот на кој се слави јубилеј, 60 години од првото ЕП ќе имаат и жителите на Минхен, Копенхаген, Амстердам, Брисел, Билбао и Рим.
Честа на источниот дел на Европа ќе ја „бранат“ Букурешт, Баку, Будимпешта и Санкт Петербург. Од трката отпаднаа Скопје, Софија, Минск, Ерусалим и Кардиф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


