| четврток, 6 декември 2018 |

ОБСЕ во одбрана на видеото „Кажи НЕ на насилството“

Амбасадорот Ралф Брет, шеф на Мисијата во Скопје, им благодари на сите кои го искажаа сопственото мислење за видеото „Кажи НЕ на насилството!“.

Според него, целта на видеото е да прикаже со каков тежок избор се соочуваат младите луѓе.

– Намерата на ова видео е да испрати силна порака, без намера да се промовира каква било дискриминација или стереотипи. Ја разбираме загриженоста којашто беше искажана неодамна, а во исто време веруваме дека најважен аспект во видеото е пораката, чија цел е да ги одврати младите од насилство. Поради тоа, би сакале гледачите повеќе да се осврнат на проблемот отколку на ликовите во видеото – изјави Брет.

Тој ги покани сите кои го делат мислењето дека ова е благородна цел за иднината на земјата, да соработуваат со ОБСЕ и заедно да ја споделат пораката „Да не дозволиме да победи насилството“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top