Дајана Бергерон од канадскиот град Орилја го изела сладоледот на својот свршеник, поради што побрзала во најблиската продавница да купи нов.
Во текот на купувањето ѝ паднало на ум да купи две ливчиња за лотарија, кои потоа се покажале како добитни. Освои 50 милиони долари.
– Инаку купувам ливчиња за лото само кога е во прашање поголем џекпот, но од некоја причина тој ден купив две – рече Бергерон, пренесува „Хафингтон пост“.
Нејзиниот свршеник, Џеф Барет овој пат не се побунил затоа што го изела неговиот сладолед. Мајката на Дајана на радио слушнала дека добивката заминала во градот Орилја, па ја повикала ќерка си да ги провери ливчињата.
Дајана потоа видела дека едното ливче се совпаѓа со седумте среќни броеви, но не била сигурна па ги испрати броевите на свршеникот. Откако утврдил дека освоиле огромна добивка го напуштил работното место и заминал во продавницата каде што е купено ливчето.
Среќната двојка ќе се почести со патување на Хаваи, а потоа и со нов автомобил.
– Сè уште не сме свесни, по малку сме збунети – рече Бергерон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.