| четврток, 6 декември 2018 |

Путин повторно и се закани на Европа: Моите трупи за два дена може да бидат во Варшава и Букурешт

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна се закани: „Да сакав руските трупи можеа за два дена да бидат не само во Киев, туку и во Рига, Вилнус, Талин, Варшава и Букурешт“, пишува германскиот весник „Зидојче цајтунг“.

Заканата му била упатена на украинскиот претседател Петар Порошенко за време на еден од бројните телефонски разговори меѓу двата челници. Порошенко наводната закана на Путин ја сфатил сериозно и му ја пренел на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо во текот на неговата посета на Киев.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top