
Грчкиот заменик-министер за инфраструктура, транспорт и врски, Микалис Пападопулос, „излегол од кожа“ по говорот на македонскиот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески на неформалниот министерски состанок што се одржал во Милано, Италија во кој постојано го користел уставното име на државата. Пападопулос се жалел дека Јанакиески нема право да го користи тоа име во европските институции и се заканувал дека тоа може да ги наруши односите со Грција, пренесува индепендент.мк.
– Министерот за транспорт, кој учествуваше како набљудувач, побара да одржи говор на состанокот. Откако му дозволи италијанскиот претседавач Јанакиески го употребуваше терминот „Република Македонија“ цело време во неговиот говор, што ме принуди да интервенирам, осудувајќи го однесувањето на Јанакиески – изјавил Пападопулос за грчката новинска агенција АНА-МПА.
Потенцирав дека во рамките на целото европско семејство официјалното име на земјата е ФИРОМ. Затоа не треба и не смее да има такви манипулации од страна на набљудувачите кои присуствуваат на состаноците во унијата, затоа што тие можат да создадат сериозни проблеми во однос на соработката со Грција, дополнил Пападопулос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Јанкулоска со поддршка за Јанакиески (фото)
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


