Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, информира дека заради технички зафати во електро-системот утре од 06:30 до 07:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од дел од село Драчево во општина Кисела Вода и дел од село Долно Лисиче во општина Аеродром. Без електрична енергија од 06:30 до 17:00 часот, ќе останат корисниците од ул. Киро Фетак во населба Драчево во општина Кисела Вода, од 08:00 до 11:00 часот корисниците од дел од село Ракотинци општина Сопиште, од 09:00 до 14:30 часот корисниците од ул. Хо Ши Мин, ул. Натанаил Кучевишки, ул. Краишка, ул. Ѓорѓи Костовски и ул. Кирил Манчев во општина Бутел и ул. Иван Аговски во општина Карпош. Од 09:00 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. Софиска, ул. Петар Драганов, ул. Копенхагенска, ул. Стокхолмска, ул. Бриселска и ул. Његошева во општина Карпош, и корисниците од дел од викендиците во Матка во општина Сарај.
Центарот информира и дека утре поради отстранување на дефект на ПП хидрант ф-100мм на ул. Скоевска зграда бр. 3 влез 2 од 09:00 часот ќе биде прекинато водоснабдување. Прекинот на водоснабдувањето на корисниците на дел од ул.Скоевска и зградите ќе трае се до санирање на дефектот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


