| четврток, 6 декември 2018 |

Масната храна го зголемува ризикот од Паринсонова болест

hamburger5raboti

Масната храна го зголемува ризикот од Паринсонова болест, откриле научници од Универзитетот „Тубинген“ во Германија.

Експрериментите кои ги правеле научниците врз стаорците покажале дека масната храна, покрај тоа што го зголемува ризикот од дијабетес, може да биде и причинител на Паринсонова болест.

Стаорците кои јаделе масна храна и станале дебели и добиле дијабетес, кај нив биле воочени и симптоми на Паркинсонова болест и умреле порано од другите стаорци кои јаделе балансирана храна.

Една од научниците изјавила дека мора да се спроведат и други истражувања за да се утврди врската меѓу храната и Паркинсоновата болест, но додава дека нивното истражување покажало дека премасната храна предизвикува собирање на протеинот алфа-синуцлеин во организмот, што придонесува за болеста на ќелиите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top