| четврток, 6 декември 2018 |

На „Браќа Манаки“ се прикажаа 11 кратки македонски филмови

манаки постер

На Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ се прикажаа и 11 кратки македонски филмови продуцирани во последните три години и тие привлекоа огромна публика, исто како и перформансот „Катлин“, мултимедијална комбинација на поезија, музика во живо, анимиран филм, шоу, на авторите Вук Митевски, Ѓокчен Ерген и Ѓоксел Ергене.

Минатата вечер, исто така, фестивалските гости со екипата и директорката Лабина Митевска се забавуваа во Хауз бар на Широк сокак во Битола. Михаил Кричман со сопругата, Петер Флинкербер, браќата Ергене од Турција и многу други играа на ДЏ сетот на Херцел до раните утрински часови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top