| четврток, 6 декември 2018 |

Мексиканецот Карлос Слим се уште најбогат човек на светот според „Форбс“

karlos-slim2

Мексиканецот Карлос Слим се уште е најбогатиот човек на светот, според американскиот магазин „Форбс“. Неговото богатско се проценува на 73 милијарди долари,  иако неговиот телекомуникациски гигант „Америка Мовил“ забележа пад на вредноста на акциите.

На најновата листа на најбогати личности во светот се најдоа рекорден број од 1.426 милијардери, чии имот во просек вреди по 3,8 милијарди долари.

На оваа листа на „Форбс“, што списанието ја изработува веќе 27 година по ред, покрај рекордниот број на милијардери, поставен и уште еден рекорд – најголем број на „дебитанти“, односно лица кои првпат се вклучени на ова рангирање.

Нема промени ни на втората позиција, каде и натаму останува коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс со 67 милијарди долари.

На третото место годинава се најде коосоновачот на модната групација „Индитекс“, Шпанецот Амансио Ортега со 57 милијарди долари. Богатството на Ортега во однос на лани е зголемено за 19,5 милијарди долари, што е најголем годишен раст меѓу сите милијардери на листата.

Ортега го потисна на четвртото место, првиот човек на „Беркшир Хатавеј“, Ворен Бафет, кој има 53,5 милијарди, со што првпат од 2000 година тој не е меѓу првите тројца на листата на „Форбс“.

Петти е првиот човек на „Оракл“, Лари Елисон со 43 милијарди, а шести е бразислкиот рударски магнат Еике Батиста со 19,4 милијарди.

Петопласираниоот на ланската листа Бернар Арноа, извршен директор на модниот гигант ЛВМХ, сопственик на брендовите Луј Витон и Кристијан Диор, оваа година падна на десетото место со богатство од 29 милијарди долари.

Вкупната вредност на богатството на сите милијардери на листата изнесува 5,4 билиони долари, што претставува раст во однос на ланските 4,6 билиони.

Најбогата жена на листата е сопственичката на козметичкиот гигант „Лореал“, Лилијан Бетанкур, кој е на деветтото место со богатство од 20 милијарди.

Најмлад милијардер е 28-годипниот Дастин Московиц, поранешен цимер на коосновачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, кој со своите 3,8 милијарди е 353-ти, а најстар е 97-годишниот Дејвид Рокфелер со 2,7 милијарди долари, кој е на 527-то место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top