| четврток, 6 декември 2018 |

Патријархот Кирил добил подарок борбен авион СУ-35

Патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква доби невообичаен подарок за верски лидер во текот на посетата на фабрика на рускиот далечен исток, борбен авион СУ-35.

ruski-patrijarh-kiril-1339078764-172002

Како што пренесува британскиот дневник „Гардијан“ на Кирил „Сухој“ му е подарен затоа што на работниците во фабриката за воени и цивилни авиони им поделил благословени икони, објави црквата на својата официјална страница.

Патријархот во говорот пред работниците ја истакна важноста за зачувувањето на Русија.

– Русија не смее да биде вазал. Русија не е само земја, тоа е цела цивилизација, илјадагодина приказна, културно слејување на различни нации, голема сила – рекол патријархот.

– За да можеме суверено да живееме, мораме ако е потребно да бидеме способни да ја браниме нашата татковина – рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top