Убеден сум дека треба да се направи се за многудетните семејства да станат норма и да се здобијат со високо социјално признание, ова го изјави Путин на отворањето на Меѓународниот форум „Многудетните семејства и иднината на човечкиот род“, кое се одржа во Русија. Во Русија се штитат правата и интересите на семејството, се штити мајчинството и децата имаат приоритетна посветеност од страна на државата.
-Соработуваме со невладини, волонтерски организации, се ослонуваме на иницијативата и нерамнодушноста на самите граѓани, на историските, културните и духовните традиции на нашиот народ, изјави тој.
Како што велат од организациите, нивна најважна задача е да се одбрани начинот на живот на многудетните семејства и да се заштитат од предизвиците кои им ги носи денешнината.
На форумот се разговараше и за иницијативата во разни сфери во животот, како и смислување на разни социјални, економски, културни и духовно-морални услови за егзистирање на семејствата во модерниот свет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



