СВР Струмица поднесе кривична пријава и известување за М.П. (23), О.П (38), Н.П (16), како и за четиринаесетгодишно и дванаесетгодишно дете, сите од с. Ангелци за сторено кривично дело разбојничка кражба.
Вчера првопријавениот заедно со третопријавениот од нива, сопственост на З.Т. лоцирана во атарот на с. Ангелци, додека краделе ореви биле затечени од сопственикот по што настанала вербална расправија и пријавените си заминале.
По кратко време истите заедно со останатите пријавени се вратиле и со употреба на физичка сила и тврд предмет го нападнале оштетениот нанесувајќи му тешки телесни повреди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


