| четврток, 6 декември 2018 |

Убавото време ги прави луѓето подобри

sonce

Март е. Има сонце. Денеска не облековте зимски чизми, шал, капа, ракавици. Сите сте весели и насмеани. Сите се чувстувате многу подобро кога надвор има сонце.  И тоа не е случајно. Научниците откриле дека луѓето се повеќе подготвени да им помогнат на другите во неволја кога времето е убаво и кога надвор деновите се сончеви.

Еден тим од француски научници ги испитувал реакциите на стотина пешаци и набљудувал како ореагирале луѓето кога на некој непознат на улица ќе им испаднат од џеб ракавиците. Кога времето било облачно скоро половина од нив мирно продолжувала по пат, а кога надвор имало сонце, скоро две третини од луѓето ќе ги подигнеле ракавиците и ќе им ги подале на оние на кои им испаднале.

Експериментот е направен во Фрнција, каде што истражувачите се претварале дека ракавиците случајно им испаѓале од раце. Кога било сончево, дури во 65,3 отсто од случаевите луѓето ги добивале назад своите загубени ракавици, а кога времето било облачно, тој процент изнесувал 53, пишува англискиот весник „Дејли меил“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top