Доколку Шкотска се отцепи од Велика Британија, не постои посебен закон според кој Велика Британија треба да се откаже од националното знаме, но тоа не ги спречува да се води спор треба ли сината боја и крстот на св. Андреј – симболот на Шкотска во „Јунион Џек“, да продолжат да стојат таму во случај на независност.
Знамето е создадено по обединувањето на Англија и на Шкотска пред четири века.
Лорд Вест, кој е заменик-претседател на парламентарната комисија за знамиња и хералдика, вели дека нема логика сината боја да остане на знамето доколку дојде до поделба.
Од Даунинг стрит велат дека премиерот не подготвувал никакви промени, да не зборуваме за корекции на симболите на нацијата.
Проблемот е што има законска аномалија – не е утврден јасен механизам за контрола над изгледот на „Јунион Џек“, за промената и дури нема закон за официјалното прифаќање – само тој се наметнал во практика, велат од „Гардијан“.
Сепак, не е исклучено да се појави второ знаме, кое официјално ќе ја претставува во странство новата реалност. Во овој случај не е исклучено да се појави и нова боја во него – зелениот Велс.
При последната промена на „Јунион Џек“ во 1801 година на неформална вечера е одлучено кон белиот крст на св. Ѓорѓи на бела заднина, симболизирајќи ја Англија, и наполу на св. Андреј на сина заднина, симболизирајќи Шкотска, да се наметнат црвени контури на крстот на св. Патрик, светецот-заштитник на Ирска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


