
– Проширувањето останува дел од агендата на ЕУ. Наше е да се фокусираме на реформите и максимално да придонесеме за натамошен прогрес на евроинтеграцискиот процес – изјави денеска вицепремиерот за евроинтеграции, Фатмир Бесими на средба со новинарите.
– Со реформите и реализирањето на предвидените приоритети ние сме посветени на членството во ЕУ кое останува наш врвен приоритет – истакна Бесими.
Според него, извесно е дека за време на мандатот на новата Европска комисија предводена од Жан-Клод Јункер нема да има нови членки зашто преговорите обично траат од пет до 15 години. Сепак, последните активности во однос на Западен Балкан, како што беше и конференцијата во Берлин, укажува дека регионот е дел од агендата на ЕУ.
– Кој било состав на Европската комисија може да одредува приоритети, но не и да ги менува основните постулати – подвлече Бесими.
Според Бесими, спорот за името со Грција, поради кој Атина ја блокира евроинтеграцијата на Македонија, останува да се реши во рамки на ОН.
– Во секој случај се очекува поинтензивен дијалог за надминување на спорот. Важно е во претстојниот извештај на ЕК повторно да има препорака за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ – рече Бесими.
Денешниот брифинг е дел од редовните средби на вицепремиерот со новинарите, а се одржува дваесетина дена пред објавувањето на новиот извештај на ЕК за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бремените и хронично болните денеска и утре да не одат на работа
-
Македонија со осма препорака, но и втора условена: Хан денес ќе ги објави извештаите за напредокот
-
Македонија со осма препорака, но и втора условена: ЕК утре ќе ги објави извештаите за прогресот
-
МВР со препорака, одложување на фудбалските натпревари во Скопје


