Поминаа точно десет години откако е емитувана последната епизода од популарната серија „Сексот и градот“. Многу обожаватели знаат одделни епизоди, па дури и цели сезони на памет, а ништо не испуштаат ни од случувањата во приватниот живот на главните протагонистки на оваа серија.
Ако сте се прашале како Кери, Шарлот, Саманта и Миранда изгледаат денес, погледајте.
Сара Џесика Паркер ја играше колумнистката Кери, опседната со чевли, мода и мажи. Инспирацијата за колумни Кери ја наоѓа, главно, во своите дисфункционални врски со мажите. Сара Џесика е единствена од оваа четворка, која кариерата ја продолжила и на филмското платно. Денес има 49 години.

Синтија Никсон ја игра ироничната Миранда Хобс, независна и амбициозна адвокатка. Не се појавувала во многу филмови по серијата, но ја шокираше јавноста кога во 2010 година ја потврди својата хомосексуална ориентација. Синтија сега има 48 години, поинаква боја на коса и за свои години изгледа сосема добро.

Кристин Дејвис се прослави со улогата на шармантната Шарлот Јорк во серијата „Сексот и градот“. Таа е најконзервативната во групата, а воедно и најоптимистична. Се појавува во неколку филмови по серијата, вклучувајќи ја и хит комедијата „Couples Retreat” од 2009 година. Кристин денеска има 49 години и е излекуван алкохоличар.

Ким Катрал можеби е најпозната по улогата во серијата „Сексот и градот“. Глумеше нескротена „голтачка“ на мажи, опседната со убавина и желба што подолго да го задржи младиот изглед. Ким во август наполни 58 години, а годините оставиле трага на нејзиното лице.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


