Речиси нема ништо необично во врска помеѓу постар маж и млада девојка, било таа да има 20, а тој 50 или 60 години. Но, кога е во врска жена постара, толку колку што може да му биде мајка, таквите врски се доживуваат како нешто помалку прифатливо. Овој тренд започна во Холивуд каде што постарите, успешни и убави жени се во врска со прилично помлад маж.
Џулиен Мур и Барт Фројндлих
Џулиен Мур и нејзиниот девет години помлад партнер Барт се во брак веќе 11 години. Сега имаат две деца, а пред бракот беа долго во врска.
Џенет Џексон и Висам ал Мана
По два пропаднати брака, Џенет Џексон се омажи за девет години помладиот милионер Висам на церемонија во голема тајност. Тие се ретко видени заедно во јавност затоа што нејзиниот сопруг е исклучително дискретен.
Мараја Кери и Ник Кенон
Иако се разведени, за многу било изненадување дека Мараја Кери и Ник Кенон толку што опстанале. Со 11 години помладиот маж покрај себе, Мараја добила две деца, но бракот не траел долго.
Сузан Сарандон и Џонатан Бриклин
Глумицата Сузан Сарандон била 21 година во брак со колегата Тим Робинсон. Двојката има два сина, а по разводот Сузан почнала врска со Џонатан, кој е помлад од неа дури 31 година.
Кортни Кокс и Џони Мекдајд
По разводот од Дејвид Аркет, кој беше осум години помлад од Кортни Кокс, таа започна нова романса со уште помлад. Џони Мекдајд е 13 години помлад од Кортни, а двојката на почетокот на 2013 година објави дека се вериле.
Шерон Стоун и Мартин Мика
Со своите 56 години Шерон Стоун емитува повеќе сексапил од повеќето жени кои што се многу помлади од неа. Иако на нејзината убавина подеднакво реагираат и стари и млади мажи, Шерон преферира помлади. Таа се забавува со 29 години помладиот Мартин Мика, манекен од Аргентина
Џенифер Лопез и Каспер Смарт
Пејачката и глумицата често ја споредуваат со Елизабет Тејлор, но не поради талентот и убавината туку поради пропаднатите бракови. Таа е мажена трипати, била свршена неколку пати, а моментално е без партнер. Таа беше во врска со 18 години помладиот танчар Каспер Смарт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.









