Најголемиот казанова од Њујорк е бездомникот по име Џо, тој секоја вечер има секс со различна девојка. Откако му нашла дрога, неговата мајка го избркала од дома и Џо завршил на улица.
Но, иако спие на тротоар, Џо крие една тајна. Никој не може да претпостави дека ова убаво момче нема дом.
Џо ги зема сите можни тестери на шампон и дезодоранс и се грижи за хигиената. Тој секоја втора вечер освојува припадничка на понежниот пол и преспива кај неа!
– Њујорк е неверојатен град бидејќи има осум милиони луѓе и можеш да имаш секс со секоја втора девојка кога ќе посакаш. Ќе ѝ пристапам случајно на некоја девојка, ќе ѝ кажам дека ја сакам, дека сакам да ја земам за жена, сосема рекреативно. Вчера спиев кај една девојка и вечеравме јастог. Можеби спијам на картонска кутија два-три дена неделно, но кога ќе се разбудам можам да правам што сакам, открива тој при тоа додавајќи дека секое второ утро го будат девојки на тротоар и му викаат дека се напил многу минатата вечер и дека треба да стане и да си оди дома.
– А, јас им викам – Јас сум дома! – вели Џо.
Сепак, заводникот советува да не се обидувате вие со неговиот занает.
– Немојте да бидете јас. Овој живот не е за секого. Сигурен сум дека од сите бездомници во Њујорк само јас можам да ги изведувам овие ср*ња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


