| четврток, 6 декември 2018 |

Џеј Џеј Хиксон користел допинг

Центарот на Денвер Нагетс, големиот Џеј Џеј Хиксон е суспендиран од страна на лидерите на НБА поради тоа што ја прекршил анти-допинг политиката на оваа лига.

Лидерите на НБА поради овој прекршок го суспендирале Џеј Џеј со пет натпревари неиграње, а казната ќе ја одлежи по стартот на регуларниот дел од сезоната, односно кон крајот на октомври.

Хиксон во НБА дојде во 2008 година од универзитетот „НЦ Стејт“, како 19. пик во изборот на Кливленд Кавалирс. Минатата сезона постигнуваше по 11,8 поени и 9,2 скока по натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top