| четврток, 6 декември 2018 |

„Трето Полувреме“ меѓу најдобрите филмови во Палм Спрингс

Филмот на режисерот Дарко Митревски е избран меѓу десетте најдобри филмови на годинешниот филмски фестивал во елитното американско летувалиште Палм Спрингс.

На дваесет и четвртото издание на меѓународниот фестивал каде  „Трето Полувреме“ беше прикажан во три проекции а се натпреваруваше во конкуренција со 180 филмови од 68 земји.

Покрај наградата за најдобар раскажувачки филм доделена од Мерцедес – Бенц која ја доби австралискиот филм Сафири, за најдобри филмови годинава се избрани филмовите  Allez, Eddy! (Belgium/ Luxembourg/The Netherlands); Any Day Now (USA); Emperor (Japan); English Vinglish (India); The Hunt (Denmark); I Do (USA); Inuk (Greenland); Kon-Tiki (Norway/UK),A Royal Affair (Denmark); Still(Canada); и македонскиот Трето Полувреме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top