| четврток, 6 декември 2018 |

Голема антитерористичка акција во Австралија – уапсени 15 лица

Австралиската полиција уапси 15 лица во голема антитерористичка операција откако разузнавачките служби предупредија за подготовка на напад и на територијата на Австралија.

policija-australija-uhicenje

Околу 800 федерални и државни полицајци извршија претреси во повеќе од десетина приватни имоти во Сиднeј и источните градови Бризбејн и Логан, изјави заменик- комeсарот на Федералната полиција Андреј Колвин.

Акцијата е спроведена неколку дена откако земјата го зголеми нивото на опасност од тероризам како одговор на заканата на поддрувачите на групата Исламска држава.

Колвин нагласи дека според полицијата уапсените планирале да извршат жестоки напади во Австралија.

Австралискиот премиер Тони Абот изјави дека австралиски државјанин, кој е висок член на радикалната група, ги повикал нејзините мрежи во Австралија да извршат демонстративни убиства.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top