| четврток, 6 декември 2018 |

Меси пред 14 години стигна во Барселона

Најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси вчера прослави 14 години откако станал член на Барселона. Аргентинецот стигнал во каталонскиот клуб кога имал 12 години, а досега има освоено четири златни топки, три титули од Лигата на шампиони и 21 клупски трофеј. На 280 настапи постигна импресивни 245 гола.

– Дојдов во Барселона на 17 септември. Денес е мојата 14-годишнина. Сакам да им се заблагодарам на моите соиграчи, тренери, навивачи и на сите вработени во клубот и сакам да изразам задоволство што работиме заедно, како и за поддршката која секогаш сум ја имал – напиша Меси на својот профил на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top