Шефот на иранската дипломатија Мохамед Џавад Зариф ја нарече екстремистичката Исламска држава „опасен феномен“, но предупреди дeка не е можно да се совлада со воздушни напади. Обвинувајќи ги другите нации дека создале „Франкештајн што се свртел против своие создавачи“, Зариф порачал дека милитантите не можат да се искоренат со бомбардирање.
Во говорот пред Советот за надворешни работи во Вашингтон, Зариф уште еднаш изразил жалење што Иран не е повикан во Париз на состанок за Исламската држава додавајќи дека Техеран може да одигра централна улога во борбата против оваа терористичка организација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.