| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Голеада во Рим и Порто

Со натпреварите од првото коло од групите Е, Ф, Г, и Х започнаа и останатите четири групи во Лигата на шампионите по оние вчера кога беа одиграни првите натпревари од останите четири групи.
Фаворитите одиграа подпросечно прво коло и вечерва беа одиграни неколку натпревари со минимални победи.
Во најизендачената група Е Рома на домашен терен на олимпискиот стадион во Рим ја торпедираше екипата на ЦСКА Москва со 5-1. По тригодишна апстиненција на „римската волчица“ од најелитното натпреварување првиот натпревар избраниците на Руди Гарсија го одиграа на високо ниво постугнувајќи дури пет голови од кои четири по само 30 минути игра.
Жервињо беше стрелец на два гола во 10 и 30 минута, Итурбе го отвори резултатот со погодок шестата минута, останатите два беа дело на Маикон во 20 минута и автоголот на Игнашевич во 50 минута. Почесниот гол за гостите од Москва го даде Муса во финишот односно во 82 минута

FC Bayern Munich vs Manchester City

Во вториот натпревар од групата Е дерби дуелот на вечерта меѓу Баерн Минхен и Манчестер Сити заврши со минимална победа од 1-0 на баварскиот гигант. Едниствениот гол го постигна Боатенг во судиското продолжение. Баерн имаше иницијатива во текот на целиот натпревар, но не успеа порано да го отвори резултатот. Сепак ова се значајни три бода за почетокот на Лигата на шампионите во која Баерн важи за еден од главните фаворити за освојување на титулата.

FC BARCELONA VS. APOEL NICOSIA

Во Ф групата фаворитот Барселона минимално со 1-0 славеше над аутсајдерот Апоел од Никозија. Стрелците на каталонците не беа расположени за постигнување на голови па едниствениот гол беше дело на Пике во 28 минута.
Во вториот натпревар фаворизираната екипа на „светците“ ПСЖ, не успеа да слави на гостувањето во Амстердам и одигра само 1-1 против Ајакс. ПСЖ поведе рано со голот на Кавани во 14 минута, но Ајакс не се предаде и во 74 минута успеа да извлече бод со оглот на Шоне.

Chelsea v Schalke 04

Двата натпревара во групата Г завршија со идентичен резултат 1-1. Челси не успеа да победи во Лондон против Шалке. Гостите од Гелзенкрихен дојдоа во Лондон да не изгубат и успеаа во тоа. Фабрегас го отвори резултатот уште во првото полувреме во 11 минута, а израмни Хунтелар во 62. До крајот на натпреварот избраниците на Жозе Мурињо имаа уште неколку шанси за гол, но не ги освоија трите бода.
Во вториот дуел тимот на македонскиот репрезентативец Агим Ибраими, Марибор, по 15 години се врати во Лигата на шампионите и се чини е задоволен со освоениот бод уште во првото коло против тимот на Спортинг Лисабон.
Захович им го донесе бодот во судиското продолжение во 92 минута. Стрелец на голот за Спортинг беше новото засилување Нани во 80 минута. Ибраими ги одигра целиот натпревар и беше еден од најзалсужните за дебито со бод на Марибор во оваа натпреварувачка сезона во најелитното фудбалско натпреварување во Европа.

Во последната група Х Порто ја торпедираше екипата на Бате Борисов со 6-0. Одличен деби настап за Порто имаше алжирскиот интернационалец Брахими кој го постигна првиот хек-трик оваа сезона. Тој успешно стрелаше кон голот на Белорусите во 5, 32 и 57 минута. Останите три гола ги дадоа Мартинез во 37, Адриан во 61 и Абубакар во 76 минута.
Единствениот натпревар кој заврши без голови вечерева беше оној меѓу Атлетик Билбао и Шахтер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top