| четврток, 6 декември 2018 |

Ердоган: Во Турција можете да најдете пријател

DSC_0340Премиерот Никола Груевски во Анкара се сретна со претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. На средбата двајцата соговорници ги констатираа добрите политички и економски односи, како и можностите за искористување на потенцијалите со кои располагаат.

DSC_0393Премиерот Груевски  му ја честиташе победата на Ердоган и му посака успех во водењето на државата. Тој посочи дека билатералните односи се одлични, а честите средби на политичко ниво се потврда за пријателството што се развива меѓу двете држави. Го запозна претседателот Ердоган со реформите и чекорите што се преземаат на економски план, и притоа укажа на тоа дека се залага за динамизирање на економската соработка меѓу двете земји.

Претседателот на македонската Влада  го информираше Ердоган за целта на посетата, која е економско-политичка. Тој истакна дека турските компании се добре дојдени во Македонија, а тие што се решија да инвестираат имаат позитивно искуство од условите за инвестирање и изрази надеж за продолжување и продлабочување на пријателството и соработката во повеќе сфери од заеднички интерес.

DSC_0403Претседателот Ердоган изрази задоволство од посетата на македонскиот премиер и посочи дека ја поддржува Македонија и нејзините евроатлански апсирации.

– На тој пат во Турција можете да најдете пријател, изјави Ердоган.

Соговорниците разменија мислења за повеќе регионални прашања, како и искуства од реформите во повеќе области како што е образованието, здравството, градежништвото и за други прашања од заеднички интерес за двете држави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top