| четврток, 6 декември 2018 |

Без струја утре улици од Сарај до Аеродром

struja

Во период од 9 со 15 часот утре без електрична енергија ќе останат улици во неколку скопски населби, почнувајќи од Сарај до Аеродром, информираат од регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Во период од 9 до 15 часот ќе има застој во електричното снабдување на улиците 1,2,3,4 и 5 во општина Сарај, и на дел од улиците во општина Карпош, како Његошева, Софиска, Копенхагенска, Стоколомска, Бриселска и улицата Петар Драганов.

Од 9 до 13 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улицата Андон Луков во општина Аеродром, а од 9 до 14 часот истиот проблем ќе го имаат граѓаните од селото Мирковци во општина Чучер Сандево. Во период од 9 до 14.30 часот ќе им биде скратена струјата и на граѓаните од општина Бутел кои живеат на улиците Кирил Манчев, Ѓорѓи Костовски, Хо Ши Мин, Натаниел Кучевишки, Краишка и Маркирање. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top