На повтореното судење за случајот „Ровер“, денеска во Кривичниот суд во Скопје, Љубе Бошковски демонстративно го напушти судењето незадоволен од одговорот кој го доби од Судскиот совет околу барањето за утврдување на фактот дали првообвинетиот Предраг Чубрило е жив или починатм, пренесува „Пресс 24“.
– Дечки јас си одам, па вие судете ме во отсуство како Чубрило! Се ставате над устав, закони и меѓународни договори – рече Љубе Бошковски.
Тој почна да му се заканува на Судот дека сите ќе одговараат и дека еден ден ќе им биде судено.
Откако судот денеска констатираше дека добиле информација од МВР дека Чубрило е жив, Бошкоски рече дека не се почитува правната рамка и дека судот на погрешен начин ја води постапката, по што побара да биде спроведен назад во затворот Идризово.
На Бошкоски и уште петмина негови соработници им се суди за помагање за извршување на убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев од 2001 година
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.