Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун најави дека ОН ќе преземат раководна улога во борбата против епидемијата на ебола во Западна Африка.
Генералниот секретар и директорот на Светската здравствена организација Маргарет Чен ќе го објават меѓународниот план денеска, на вонредниот состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации.
Советот денес треба и да гласа за американската-нацрт резолуција што ги повикува земјите-членки итно да испратат помош, монтажни болници и здравствени работници во погодените земји и да ги укинат ограничувањата за патување во областа.
Првиот човек на ОН најави дека Генералното собрание следната недела ќе одржи и состанок на „високо ниво“ за ситуацијата. Тој рече дека еболата е „експоненцијална криза што бара исклучитечен глобален одговор“.
„Ако секој ден само одлагаме, цената и страдањето ќе се множат. Не можеме да дозволиме да не` забават забраните за патување или транспорт. Потребна е изолација на луѓето заразени со ебола но не на државите што се борат со вирусот“, рече Бан Ки-мун.
Претседателот на САД Барак Обама вчера најави дека иладјници американски војници ќе бидат испратени во Западна Африка за да изградат објекти за изолација и лекување на заразените и центар за обука на здравствените работници.
Од еболата во Западна Африка досега починаа речиси 2.500 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија