Собранието на Република Македонија попладнево ги донесе законските измени кои предвидуваат зголемување на платите на јавната администрација за четири отсто.
-Поради светската економска и европската должничка криза зголемувањето на платите одреден период беше одложено, но Владата изнајде доволно средства за да ја продолжи ваквата тенденција со цел подобар животен стандард на вработените во јавната администрација и нивно мотивирање за попрофесионално извршување на обврските, истакна министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.
Како што потсети Спасов, досега, пред економската криза, платите во јавната администрација беа зголемени за 25 проценти.
За ССМ порастот на платите и пензиите е причина за подобар стандард
-Развојната компонента ја гледаме од повеќе аспекти. Пред се со самото зголемување на платите ќе се обезбеди и зголемување на општата потрошувачка, а со тоа и развој на целата држава. Ваквата стратегија овозможува следење на потребите на вработените за да ја надминат кризата, односно со зголемувањето на платите се обезбедува позитивно соочување со кризата која беше присутна и се уште трае, оценува претседателот на ССМ, Живко Митревски.
Платите во образованието зголемени двократно за неколку години
Зголемени плати во јавниот сектор
Зголемување на платите и за вработените во МВР
Дел од новите мерки кои денеска ги презентираше премиерот Никола Груевски пред претставниците на синдикатите беше и етапното усогласување на платите на вработените во Министерството за внатрешни работи со оние од државната администрација.
„Владата во соработка со Синдикатот за надминување на овој предизвик ќе изработи повеќегодишна стратегија за усогласување на основната плата во МВР со основната плата во јавната администрација“, рече Груевски.
Зголемување на плати во култура
Над 630 уметници добија трајно вработување, а во насока на вреднување на уметничкиот труд, платите на уметничкиоткадар се зголемени за над 60%.
Во меѓувреме во соседството платите се намалија:
Србија ги намалува платите и пензиите за 8%
Србија ја стабилизира економијата. За да избегне банкрот ќе ги намали пензиите и платите во администрацијата за 8%.
Грчката Влада намалува пензии и плати
Министерството за финансии ги потврди информациите дека сега веќе се работи за намалување од 13,5 милијарди евра затоа што според најновите пресметки, откако ќе се намалат платите и пензиите, ќе се намалат и приходите од даноците и социјално осигурување со што ќе се појави нов недостиг во буџетот од околу две милијарди евра. Извори од Министерството за труд соопштија дека и преостанатите две милијарди евра ќе се обезбедат преку намалување на платите и пензиите, јави дописникот на МИА од Атина.
Намалени плати, покачени даноци – Словенија почнува да штеди
Словенечкиот парламент денеска го одобри договорот за намалување на платите во јавниот сектор, што претходно беше потпишан од Владата и синдикатите, како и владиниот договор за зголемување на Данокот на додадена вредност, јави Танјуг
Договорот меѓу Владата и синдикатите предвидува мерки за штедење од 208 милиони евра во 2013 и 2014 година преку постепено намалување на платите и кратење на бонусите, започнувајќи од месец јуни.
Пониски плати за 240.000 вработени во јавниот сектор во Хрватска
-Додатоците за минат труд за 240.000 вработени во хрватскиот јавен сектор ќе бидат намалени во просек за околу 200 куни (околу 26 евра) месечно по работник, со што ќе се заштедат 500 милиони куни (65 милиони евра) годишно, најави потпретседателот на хрватската влада, Бранко Грчиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.