| четврток, 6 декември 2018 |

Мистериозната авантура „Лавиринт – невозможно бегство” премиерно на 18 септември во кината во Македонија

Maze_Runner_Plakat_mk

Лавиринт – невозможно бегство” е приказна за група на млади луѓе кои се обидуваат да побегнат од Ледината опколена со џиновски Лавиринт преполн со тајни и премиерно ќе биде прикажан утре, на 18 септември во кината ширум земјава.

Филмот е базиран на романот „Лавиринт – невозможно бегство” на писателот Џејмс Дашнер.

Филмот за постапокалиптичниот свет снимен е по светскиот бестселер на писателот Џејмс Дашнер кој е и сценарист на филмот. Приказната е сместена во мрачна, постапокалиптична иднина.  Главните улоги во оваа авантура на режисерот Вес Бол ги толкуваат Дилан О’Брајан, Каја Скоделарио и Томас Броди-Сангстер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top