Босна и Херцеговина, како земја која има неефикасни институции и висок степен на корупција, е погодно тло за појава и јакнење на криминални групи во организации кои со пари, моќ и врски ќе бидат сѐ уште сериозна закана за безбедноста на државата и нејзините граѓани, пишуваат „Независне новине“.
БиХ е оптоварена со одредени внатрешни проблеми од политичка природа, кои се сериозна опасност за социјална, политичка, безбедносна и секоја друга стабилност за земјата, се наведува во информацијата за состојбата за безбедност на БиХ за 2013, која ја изработи Министерството за безбедност.
Некои од внатрешните предизвици со кои се соочува БиХ се, како што наведува весникот, висока стапка на невработеност која придонесува за зголемување на општата сиромаштија и социјалното раслојување, потоа постоење мрежа на организиран криминал, вклучувајќи го и прекуграничниот.
Како опасности се наведуваат и непроцесуирањето на некои случаи на воени злосторства и ризикот од злоупотреба на безвизниот режим и негово укинување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.