Косовската полиција утрово повторно го приведе имамот на големата џамијата во Приштина, Шефкет Красниќи, но и лидерот на партијата ЛИСБА, Фуад Рамиќ.
Во акцијата која е реализирана и во други градови во Косово, уапсени се и имамите Екрем Авдиу од џамијата во населбата „Тавник“ во Косовска Митровица и член на исламската верска зедница на Косово, Енис Рама, имам во „Иса бег“ џамијата во Косовска Митровица и главен уредник во телевизијата “Peace TV’ на албански јазик и Енес Гега, имам на џамијата во Пеќ.
Уапсени се по сомнение за поттикнување верска омраза и исламски екстремизам, регрутирање и испраќање млади Косовци на боиштата во Сирија и Ирак.
Имамот на големата џамија во Приштина, Красниќи, беше притворен и на почетокот на месецов но по неколкучасовно испрашување беше ослободен.
По конституирањето на новиот косовски парламент се очекува да биде усвоен законот со кој за учество во туѓи војни Косовците може да добијат затворска казна во траење до 15 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.