| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка која работела на брод исчезнала на Крит

Родителите на Дениса Маркоска (23) веќе 4 дена немаат никаква информација за нивната ќерка која не се вратила на работа откако бродот застанал на некое од пристаништата на грчкиот остров Крит.

 mkd-149000Семејството Маркоски немаaт никаква информација ниту од одговорните луѓе на бродот Серенисима (Serenissima) кој пловел под руско знаме, ниту пак од грчката полиција, пишива МКД.МК.

Дениса веќе две години работела токму на тој брод и годинава уште еднаш го продолжила договорот за работа на бродот. Набрзо по потпишувањето Маркоска мистериозно исчезнува откако бродот на 13 септември застанал на Крит. Никој не знае ништо. Никој ништо не видел. Само вакви информации добиваат родителите на Дениса. Тие велат дека грчката полиција води некаква истрага, ама со многу недоследности и грешки. Маркоски се уште немаат никаков официјален извештај од капетанот на бродот, ниту пак од грчката полиција или некоја надлежна македонска институција. Молат за помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top