| четврток, 6 декември 2018 |

Македонка стана најмлада менторка во НАСА

Младата Мартина Димоска, која беше прогласена за личност на годината на „Нова Македонија“ во 2014/2015 година откако го освои првото место на Меѓународниот натпревар за вселенски апликации на НАСА во Македонија при „Њуменс бизнис-акцелераторот“ продолжува со своите огромни успеси и на возраст од 22 години стана најмладата менторка во НАСА, пишува Нова Македонија.

Истовремено, таа постојано го надградува своето образование во домашни и во реномирани странски образовни институции и сега ја очекува својата трета факултетска диплома.

marina-dimoska-nasa-3

Таа на 22 години веќе има стекнато дипломи по мехатроника, роботика и вградени системи на академијата „Њуменс бизнис-акцелератор“ и по аеронаутичко инженерство на универзитетот „Кент Стејт“.

– Јас сум единствена од мојата фамилија што се закитува со факултетска диплома и горда сум на тоа, а уште погорда сум што за скоро ќе се закитам и со трета, како инженер на материјали и нанотехнологии при Технолошко-металуршкиот факултет. Патот е навистина напорен. Треба да менаџираш добро со времето, треба да имаш огромно разбирање од пријателите и од семејството, а притисокот е огромен. Паралелните студии се многу напорни и додека има и потешки професори има и такви што ги разбираат трудот и амбицијата, па тука се да излезат во пресрет. Тоа е од огромна помош – заклучува Димоска.

Таа е многу скромна и вели дека од секое досегашно искуство научила многу, а сите заедно ја имаат изградено како личност.


Целиот текст можете да го прочитате на Нова Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top