| четврток, 6 декември 2018 |

Украински националисти фрлија пратеник во контејнер

ukrainaТројца ултрадесничари го фрлија пратеникот Виталиј Журавски во канта за отпад и го затворија поклопецот пред околу 500 националисти кои протестираа пред зградата на Врховната рада во Киев. Журавски, член на академијата на политички науки во Украина, поранешен заменик градоначалник на главниот град и советник на поранешниот претседател Виктор Јанукович, непосредно пред инцидентот зборувал со „возвишени зборови“ за почитувањето на европските вредности затоа што бил познат како „штитеник на европска Украина“.

Европскиот парламент со мнозинство гласови вчера го ратификуваше договорот за приклучување на Украина во Европската унија, додека во исто време и пратениците во украинскиот парламент го ратификуваа истиот документ.

Претходно, активисти на радикалниот Десен сектор запалија автомобилски гуми пред зградата на парламентот заканувајќи се дека сите ќе ги запалат во зградата ако Врховната рада се двоуми за донесувањето на закон за лустрација.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top