| четврток, 6 декември 2018 |

Наградно прашање за Героски: Како сме се ослободиле и како сме се бореле против фашизмот и против турското ропство?

Еден од најгласните противници на ликот и делото на велешанецот Андон Лазов Јанев – Ќосето е Бранко Героски, уредник на весникот „Слободен Печат“ и на порталот „Плус Инфо“, пишува Дејан Недевски. И тоа со аргумент дека Ќосето не бил идеолог, туку убиец. Извршител на наредбите на идеолозите. И дедо ми не бил идеолог на Комунистичката партија на Македонија. Ниту пак, неговиот прадедо Ангеле бил идеолог на ВМРО. Двајцата извршувале наредби. Зарем биле убијци? Верувам дека и дедо му на Героски бил партизан и учествувал во Втората светска војна. Зарем и тој бил убиец и касапин, а Героски?

Па, што си мислиш ти Героски, дека тука во Македонија некој дошол и не’ ослободил од поробувачите, додека ние Македонците и останатите народи кои живеат на овој простор, сме седеле со цвеќиња в рака? Или, пак, можеби вртеле ора и пееле песни за да го изнервираат тиранинот и тој револтиран и самоиницијативно да си замине? Можеби секојдневно го играле тешкото?

Те молам одговори ми на следново прашање:

Како сме се ослободиле и како сме се бореле против фашизмот и против турското ропство?

а) со песни и со ора

б) со штрајк со глад

в) со пасивен отпор

в) со насмевки и љубов

г) со крвави борби, војни и жртви

 

П.С. За точниот одговор следува награда

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top