| четврток, 6 декември 2018 |

Награди за Пројковски и Лилиќ од фестивал во Црна Гора

dejan-lilic-1

Актерот Дејан Лилиќ и режисерот Дејан Пројковски се закитија со награди од Меѓународниот театарски фестивал ФИАТ кој се одржа во Подгорица, Црна Гора, соопштија од Драмски театар од Скопје.

– Наградата за најдобра режија ја доби режисерот Пројковски, за претставата „Хамлет“, во продукција на Драмскиот театар од Скопје и за „Опасни врски“ во продукција на „Вера Комисарзевскаја“ театарот од Сант Петерсбург. Наградата за најдобар актер ја доби актерот Дејан Лилиќ, за ликот на Хамлет во истоимената претстава. Исто така, претставата „Опасни врски“ во режија на Дејан Пројковски ја доби наградата за најдобро актерско остварување во целост – соопштија од Драмскии театар.

Фестивалот на интернационалниот алтернативен театар (ФИАТ) постои од 1982 година, најпрво како ДОДЕСТ фестивал. Низ годините на овој фестивал гостуваат многу значајни театарски дејци и продукции што го ставаат овој фестивал на ранк со Битеф во Белград или МОТ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top