| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца завршија в болница по две тепачки во Тетово

Две лица се повредени во две одделни тепачки што вчера се случија во Тетово.

Првата се случи во текот на вчерашниот ден кога на ул. „Маршал Тито“  37-годишниот Б.Е. од Тетово физички го нападнал И.Џ.(34) од с. Доброште, Тетовско, удирајќи го со тврд предмет при што му нанел тешки телесни повреди. И.Џ. е пренесен во Клинички центар во Тетово, но поради сериозноста на повредите е префрлен во Клиничката болница во Скопје.

Од страна на полициски службеници Б.Е. е приведен и задржан во ПС Тетово и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 Исто така, вчера, но на ул. „Илинденска“, откако тетовецот Ј.О. го паркирал  патничкото возило „форд транзит“ , на местото дошле две лица со патничко возило „венто“ и почнале расправија со Ј.О,  по што дошло уште едно лице, а потоа сите тројца физички го нападнале. Едниот напаѓач го удрил со тврд предмет во пределот на главата, нанесувајќи му рана.

Од преземените мерки е утврдено дека се работи за Б.Р.(24), И.Р.(33) и Ш.Р.(56) сите од Тетово, лицата се повикани во ПС Тетово и се работи за расчистување на случајот.

– See more at: http://moi.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=12100&mid=1269&tabId=1&tabindex=0#sthash.mtG49sd9.dpuf

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top