Три лица се убиени, а петмина ранети во гранатирањето во текот на ноќта во источниот украински град Донецк, соопшти денеска Градскиот совет.
Во изјавата, објавена на интернет, Градскиот совет соопшти дека голем број станбени згради биле гранатирани, пред се, во северниот дел на Донецк и покрај примирјето меѓу проруските сепаратисти и владините сили.
Во центарот на Донецк во текот на ноќта имали и експлозии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.