| четврток, 6 декември 2018 |

Изгорени над сто куќи од пожарот во Калифорнија

Во шумскиот пожар кој го зафати малиот калифорниски град Вид уништени или оштетени се повеќе од сто куќи, а најмалку 1.500 лица се евакуирани.

Како што соопштија американските власти, црквата во градот, која се наоѓа близу до границата со сојузната американска држава Орегон, изгорела до темел.

Поради силниот ветер пожарот брзо се ширел, но пожарникарите успеале да го локализираат до настапувањето на мракот. Одреден период беше во прекин и сообраќајот на автопатот кој ја поврзува Калифорнија и Орегон.

Во летниот и есенскиот период често се случуваат пожари во Калифорнија каде викендот темартурите достигнаа и до 40 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top