| четврток, 6 декември 2018 |

Добро е да се пие алкохол, тврди доктор од СЗО

Една чаша вино по ручек, општо е прифатено како нешто што е добро за човековото здравје. Но, веројатно изненадува тврдењето дека можете дневно да испиете и цело шише и дека тоа нема да има никакви лоши последици.

Докторот Кари Поиколаинен, кој работи за Светската здравствена организација, со години го проучува влијанието на алкохолот на човечкото тело. Има дојдено до заклучок дека алкохолот е штетен само ако секојдневно се консумира во поголеми количини. Овој експерт тврди дека дневно можете без страв да испиете 2,5 литри пиво или едно шише вино.

Исто така, верува дека за здравјот е подобро да се испие и малку повеќе од препорачаната количина отколку да се биде тотален антиалкохоличар.

– Доказите упатуваат на тоа дека умереното консумирање алкохол е подобро за здравјето отколку да не се пие воопшто, но исто така прекумерното пиење е многу полошо од апстинирањето. Но, дозволени се поголеми количини од она што вообичаено се препорачува, односно без страв можеме да испиеме повеќе од една чаша дневно -рече Поиколаинен за „Дејли мејл“.

Веднаш потоа се јавија и други експерти кои го тврдат спротивното: алкохолот е штетен и со неговото консумирање повеќе му штетиме на здравјето отколку што придонесуваме за него.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top