Турски бизнисмени се заинтересирани за инвестирање во туризмот, енергетиката, металската и хемиската индустрија во Македонија. Тие вчера по бизнис форумот во Измит имаа одделни средби со владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски на кои подетално се запознаа со поволностите што им се нудат на странските инвеститори во Македонија.
Подготвеност за инвестирање пред владината делегација изрази и група македонски иселеници од индустриската област Коџаели и Истанбул. На разговорите за повеќе општествени и политички теми истакнале дека ја одржуваат врската со Македонија.
По завршувањето на бизнис форумот во Коџаели, владината делегација продолжува со претставување на условите за водење бизнис пред турски бизнисмени во градот Ескишехир, кој има развиена прехранбена, градежна и машинска индустрија.
Ескишехир е еден од петте големи индустриски центри на Турција.
Наредните денови ќе се одржат бизнис форуми во турските градови Анкара, Адана и Мерсин.
Во среда се очекува да биде остварена средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со турскиот премиер Ахмет Давитоглу.
Во составот на владината делегација се и министрите без ресор за привлекување странски инвестиции Бил Павлески и Фуркан Чако, како и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции и поттикнување на извозот Климент Шекеровски.
Турција е меѓу 10-те најзначајни трговски партнери на Македонија. Во 2013 година, Турција е на 9-то место, а странските директни инвестиции во последните две години изнесуваат 44 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Турски воен хеликоптер падна меѓу згради во Истанбул, загинаа четворица војници(видео)
-
Турција осуди 74 лица на доживотен затвор поради вмешаност во обидот за преврат
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер